Русија му гарантира лична безбедност на Јанукович
Русија му гарантира безбедност на поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович, соопшти близок извор до врвот на руските власти.
- Во врска со барањето на претседателот Јанукович да му се гарантира лична безбедност, можам да кажам дека е одобрено за територијата на Руската Федерација, потврди високиот руски функционер.
Поранешниот претседател на Украина денеска во писмена изјава испратена до руските агенции побара од официјална Москва да му гарантира лична безбедност и „да го заштити од екстремистите“.
28.02.2014 - 11:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа