Вооружени лица го „окупираа“ аеродромот во Симферопољ

 

Група вооружени лица во воени униформи и со руски ознаки изминатата ноќ го зазедоа аеродромот во кримскиот главен град Симферопољ.

Очевидците тврдат дека се работи за 50 вооружени мажи кои пристигнале на аеродромот со три камиони од тиопт „КамАЗ“ без регистерски таблички и препознатливи знаци. Тие прво го блокирале терминалот за внатрешни летови, по што влегле во аеродромот.

- Тие мислеа дека тука слетал украински десантен авион, но кога видоа и се уверија дека нема нешто такво, се извинија и си заминаа, изјави аеродромскиот претставник.

Според западни медиуми, десетина вооружени мажи во војнички униформи се наоѓаат пред влезот на аеродромот. Тие одбиваат да одговорат на прашањата од која националност се. Таму се наоѓаат, исто така, и десетина цивили на различна возраст, кои говорат руски, објаснувајќи дека „дошле за да го оддржуваат редот“.

 

28.02.2014 - 09:38
Фото: 
новини

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега