Гога Секулиќ не сака да си го слави роденденот по смртта на сопругот

 

Српската пејачка Гога Секулиќ која е позната како жена која сака да се забавува, по смртта на својот сопруг Игор Рамовиќ не сака да си го слави роденденот.

Пејачката вчера наполни 37 години, но немаше никаква прослава со оглед на тоа дека неодамна и се случи голема трагедија. 

- Немам ни желба ни сила да си го славам роденденот. За тоа не ни размислувам откако Игор ми умираше на рацете. Таа болка не поминува, и славењето е нешто што ми е најмалку потребно, вели Гога за српскиот Курир. 

Пејачката додава и дека самото спомнување на зборот славење ја навредува и дека не сака да зборува за тоа.

28.02.2014 - 09:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега