Арсениј Јаценјук е избран за нов премиер на Украина
Пратениците во Врховната рада денеска му дадоа поддршка на Арсениј Јаценјук за состав на нова влада на Украина.
Во обраќање во парламентот тој нагласи дека Украина и Русија треба да изградат нови односи.
– Украинците и Русите се пријатели и партнери, и треба взаемно да си веруваат, нагласи тој. Јаценјук ја повика Русија да не ги поддржува сепаратистите и Виктор Јанукович.
Новиот премиер вели дека Владата треба да преземе непопуларни мерки за да ја изведе државата од економската криза.
– Касата на Украина е празна, а државата е соочена со огромни економски проблеми, потенцира тој. Јаценјук додаде дека Украина ќе ги искористи сите законски и уставни овластувања за зачувување на територијалната целост на државата.
– Им се обраќам на луѓето во Крим – ние сме еден украински народ, заедно ќе победиме, нашето единство е залог за успех на украинската држава, рече тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа