Полицијата направи парче во Битола и Охрид - запленети 13.000 петарди

 

Полицијата заплени петарди во Битола и Охрид.

Во првиот случај кривична пријава си заработи 46-годишниот охриѓанец Љ.Џ. кај кој при извршен претрес во домот пронајдени се вкупно 6.780 парчиња разни пиротехнички средства, кои се одземени.

 

 Во вториот случај се работи за 26-годишниот М.М. од Битола кој за паричен надомест од 4.000 денари од непознато лице од Бит Пазар во Скопје набавил поголема количина пиротехнички средства-петарди, кои ги нудел на продажба на лица од населба Баир битолско. По извршен претрес во домот на М.М. пронајдени и одземени се вкупно 6.360 парчиња петарди. 

27.02.2014 - 13:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега