Војник убил петмина колеги а потоа се самоубил

 

Индиски војник  уби петмина припадници на неговата воена единица, а потоа се самоуби, соопштија денеска индиските Вооружени сили.

 

Инцидентот се случил синоќа  во реонот на подхималајската провинција Кашмир, во еден воен камп на индиската армија, одалечен 20 километри од админстративниот центар Шринагар и засега не се познати мотивите за убиството.

Во последните четири годни во индискиот дел на Кашмир беа убиени десетици војници.

 

Индиските власти тврдат дека сите се жртви на милитантните исламски групи кои дејствуваат во провинцијата, но воени експерти во Њу Делхи проценуваат дека станува збор и за лоша дисциплина на војниците и на погрешното работење на тамошниот воен врв.

27.02.2014 - 13:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега