Паско Кузман осомничен и за кражбата во Музејот на Македонија

 

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита на културно наследство паско Кузман е осомничен и за кражбата на вредни артефакти од Музејот на македонија, потврдуваат за Пресс24 извори од истрагата. Тој веќе е во куќен притвор за дело поврзано со случајот Фаланга.

Петмина приведени веќе се изведени пред истражен судија а кај двајца сеуште се вршат претреси.

Меѓу приведените има еден актуелен и еден поранешен директор ан Музејот.

Според истрагата, украдени се 166 вредни предмети од културно историско значење. 

27.02.2014 - 10:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега