Џон Кери: Русија да внимава со одлуките околу Украина- ова не е „Роки 4“
“Спорот меѓу САД и Русија околу оваа земја не е реприза на филмот „Роки 4“, изјави синоќа американскиот државен секретар Џон Кери, додавајќи дека Русија мора да биде внимателна во своите идни постапки околу кризата во Украина.
- Не сакаме конфронтација. Но, јасно ставање до знаење дека секоја земја мора да го почитува територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина. Русија рече дека ќе го стори тоа и мислиме дека е важно да го исполни дадениот збор. Рускиот претседател Владимир Путин мора внимателно да ги слушне гласовите на Украинците, кои ја искажаа својата желба за промени. САД не го гледа својот однос со Русија како продолжение на Студената војна. Ова не е „Роки 4“, изјави Кери.
Филмот „Роки 4“ е познат по мечот меѓу американскиот боксер Роки Балбоа и рускиот Иван Драго.
Изјавата на Кери доаѓа во време кога Русија најави итна проверка на борбената готовност на руските Вооружени сили, како и во време на нови насилни протести на југот на Украина и шпекулации за движење на руските единици околу базата Севастопол.
По неколкудневните безредија на улиците во Киев, украинската опозиција го смени претседателот Виктор Јанукович од функцијата и формираше нова Влада која најави вртење на државата кон Запад.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа