Најмалку 50 лица загинаа за време на протестите во Венецуела

 

Повеќе од 50 лица загинале за време на антивладините протсти во Венецуела соопшти претседателот на Венецуела Николас Мадуро обвинувајќи ги „фашистичките групи“ за насилството.

- Вчера една 84-годишна жена почина во Каракас бидејќи поради барикадите на улиците не можела три часа да стигне до болница, па починала во автомобилот од срцев удар, истакна Мадуро.

Јавниот обвинител на Венецуела, Луиса Ортега во понеделникот изјави дека бројот на загинатите во протестите изнесува 13, додека опозициските партии наведуваат дека загинале најмалку 15 луѓе.

Во Каракас синоќа повторно се собраа повеќе стотици луѓе, главно жени, предводени од сопругата на притворениот опозициски лидер Леополд Лопес, изразувајќи незадоволство од начинот на кој власта се однесува кон демонстрантите.

27.02.2014 - 09:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега