Министерот Попоски на средба со Лајчак

 

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, на покана на словачкиот заменик премиер и министер за надворешни и европски работи, Мирослав Лајчак, денеска ќе оствари еднодневна посета на Словачката Република.

Предвидено е Попоски и Лајчак да разговораат за можностите за натамошно унапредување на односите и соработката меѓу Македонија и Словачка како и перспективите на Република Македонија за членство во Европската уУнија и НАТО. 

Министерот Попоски ќе оствари средби и со членовите на комисиите за надворешни работи и за европски прашања во словачкиот Парламент, а ќе биде потпишан и Меморандум за разбирање меѓу министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Словачката Република.

Попоски ќе има и излагање во Словачкото здружение за надворешна политика, на тема “Република Македонија на патот кон ЕУ“, како и интервју за словачкиот дневен весник “Правда“. 

27.02.2014 - 09:23
Фото: 
влада.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега