Еврокомесарот Оли Рен е назначен за координатор за помош на Украина

 

Еврокомесарот за финансиски и монетарни прашања Оли Рен синоќа на седница на Евроспката комисија беше назначен за координатор на заедничките активности на Европската унија со меѓународните институции, пред се Меѓународниот монетарен фонд, и со земји кои не се членки на ЕУ, за пружање финансиска помош на Украина.

Седницата беше свикана по иницијатива на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон посветена на помошта за Украина. 

 

Рен има искуство во организирање антикризни програми во еврозоната, меѓу кои и онаа за Грција.

27.02.2014 - 09:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега