ЕУ со 3,5 милијарди евра ќе ги крпи најсиромашните европјани
Најсиромашните граѓани на ЕУ ќе продолжат да добиваат храна, основна материјална помош и социјална заштита од Фондот за европски помош за најсиромашните (ФЕАД) од 2014 до 2020 година, јавува дописникот на МИА од Брисел.
Според договорот во Советот на Европската унија кој беше одобрен од Страна на Европскиот парламентот во вторникот, договорено е оддржување на буџетот за оваа намена и истиот да изнесува 3,5 милијарди евра.
- Успеавме во остварувањето на нашите клучни цели во едногодишните преговори со Комисијата и земјите-членки, а тоа е да се подигне на буџетот од 2,5 на 3,5 милијарди евра, да се зајакне улогата на организациите за борба против сиромаштијата во дизајнирана, управувана и мониторирана програма и да се поедностават административните процедури. Новата ФЕАД-програма која ја усогласивме е прва некогаш спроведена специфична европската иницијатива која има за цел да допре до луѓето кои се во крајна сиромаштија, особено сиромаштија за храна, бездомништво и детска сиромаштија - рече известувачот на ЕП за проектот ФЕАД, Емер Костело.
Благодарение на Европарламентот, буџетот на Фондот за 2014-2020 ќе се одржува на околу 3,5 милијарди евра, при што износот наменет за Програмата на Европската помош во храна за најсиромашните е поголем за една милијарда од претходно, иако сега земјите-членки предлагаа кратење на буџет од само една милијарда евра. Исто така, новата програма ќе ги покрие сите земји-членки и ќе ја замени програмата за дистрибуција на храна со цел да користи од суфицитите произведени под Заедничката земјоделска политика.
Обемот на фондот е проширен за да вклучи две програми за дистрибуција на храна помош и основна материјална помош (на пример, облека и училишни материјали) , а исто така и да ги финансира мерките за социјална вклученост на најсиромашните во ЕУ. Фондот, исто така ќе ги поддржи донациите на храна и особено собирањето, транспортот и дистрибуцијата на храна, со што помага да се намали отпадот на храна.
Во 2011 година, речиси една четвртина од Европејците (речиси 120 милиони лица) биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, што е за околу четири милиони повеќе од претходната година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа