Јанукович нема да биде уапсен за да не се дестабилизира ситуацијата

 

Јанукович нема да биде уапсен во Крим се со цел да не се влошува ситуацијата, изјави денеска вршителот на должност министер за внатрешни работи Арсен Аваков. 

Аваков побара полицијата да не провоцира конфликти со локалното население и работите да се решаваат преку дијалог. Во Крим во моментов работат група пратеници на парламентот и „се мора да се решава преку дијалог“.

Аваков повика да не дозволат судири меѓу „проруските сили со евроинтеграциските сили и групите на крисмко-татарскиот народ“. – Поради таа причина одлучивме да не реагираме цврсто по однос на Јанукович за да не се дестабилизира ситуацијата и да не дадеме повод на соседна држава, нагласи Аваков.

Одреди од различни групи продолжуваат да врбуваат доброволци во зградата на Киевската градска администрација. Според ИТАР ТАСС, такви „патроли“ дежураат пред секоја административна зграда, се движат низ градот и вршат проверки на граѓани. Заменикот министер за внатрешни работи изјави дека сите учесници во „самоодбраната на мајдан“ треба да го предадат оружјето.

Заменикот главен обвинител на Украина  Олег Махницкиј денеска изјави дека Јанукович е во Украина.

- Доскорешниот украински претседател е ставен на списокот на лица по кои има распишана меѓународна потерница, изјави Махницкиј, вршител на должноста главен обвинител. 

26.02.2014 - 17:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега