Ќе се врши проверка на банкарските сметки на Јанукович

 

Јавниот обвинител Олех Махницки денеска изјави дека украинските привремени власти итно ќе испратат официјално барање за помош до меѓународните организации со цел да се изврши проверка на банкарските сметки и имотот на соборениот претседател Виктор Јанукович и неговите најблиски соработници.

Тој ги обвини Јанукович и неговите соработници за кражба на милијарди долари, нагласувајќи дека на сите повредни трговски договори склучени за време на неговото управување ќе им биде извршена ревизија.

- Се ќе провериме, сите договори на поранешниот режим. Овие проверки ги правиме бидејќи сите активности на поранешните власти се темелат врз корупција, истакна Махницки.

26.02.2014 - 16:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега