Крадец се обидел да украде кола но се смрзнал од страв- еве зошто

 

Непознат крадец од Ливерпул кој се обидел да обие еден автомобил се смрзналод страв кога видел реплика од мумија во него и набрзина избегал.

Автомобилот кој се обидел да го обие бил во сопственост на Дин Патон, човек кој излагал историски експонати во музејот во Ливерпул.

Патон изјави дека кога ја видел репликата на човекот од ледено доба крадецот сигурно избегал бидејќи помислил дека станува збор за човечки труп. Но сепак крадецот не си заминал со празни раце туку успеал да земе железна секира и неколку железни белегзии стари околу 2.500 години подготвени за престојната изложба.

Сигурно ќе се разочара кога ќе се обиде да го продаде накитот бидејќи е изработен од калај и нема никаква вредност вели Патон.

 

Полицијата се уште трага по исплашениот крадец.

26.02.2014 - 15:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега