Била пред умирање но еве што ја вратило во живот
Дваесет и двегодишната Џес Астил до пред извесно време била во животна опасност поради здравствените проблеми со кои се борела со години.
На возраст од 19 години, Џес тежела неверојатни 32 килограми и се борела со анорексија, поради што имала опасност да умре.
Додека правела испитувања за да ја подобри исхраната и да си го врати здравјето, докторите откриле дека е бремена.
Поради тоа младата Џес Астил решила да си ја врати волјата за живот и ги смогнала последните сили за да се обиде да си го спаси животот.
За многу кратко време таа почнала здраво да се храни, затоа што нашла причина за живот – нејзината неродена ќеркичка.
Во првите месеци од бременоста, секоја недела Џес се поправала по 2 килограм, што довело нејзината ќерка да се роди со здрава тежина од 3,5 килограми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа