Вака изгледало CV-то на Леонардо да Винчи
Да Винчи се сметал себеси за способна личност, чие знаење можело да се употреби за извојување победа во некој воен поход, па така тој со неговото CV аплицирал на позицијата за воен инженер.
Некогашниот пример за идеален ренесансен човек - Леонардо да Винчи, уште во далечната 1482-ра година добро ја познавал процедурата за барање на работа, па во својата 30-та година подготвил работна биографија и аплицирал за работа во Милано.
Своето CV го изпратил на миланскиот војвода Лудвиг ди Мор, бидејќи како и сите останати луѓе ја почувствувал маката од сиромаштијата и невработеноста, пред да ја стекне светската слава.
Во неговите вештини ја навел способноста да извлече вода од канали кои се наоѓаат околу дворецот за време на опседа, како и способноста за изградба на цврсти, а сепак лесно преносливи мостови со чија помош би можело да се побегне од непријателот доколку тоа биде потребно.
Ја нагласил и неговата способност да поправање на оклопни воени возила и оружја, меѓу кои ги набројал лесните оружја и топовите. Исто така го понудил и својот арсенал од поморски оружја, кој ги поседувал во неговиот дом.
За крај ги навел и неговите уметнички вештини кои би можеле да му послужат на градот, доколку војната прекине и дојде до мир.
Извор: Портал
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа