ВИДЕО: Погледнете како настануваат снегулките

 

Војчеслав Иванов , корисникот на сајтот „Вимео“, постави видео кое прикажува како снегулките стануваат неверојатно убави кристали од мраз.

Снегулката е кристал од мраз, форма на цврста агрегатна состојба на водата. Доколку снегулката настанува од истопеното, процесот се нарекува флокулација. Доколку кондензираат, станува збор за згрутчување.

Еден американски научник утврдил дека, секоја снегулка е единствена и има свој посебен облик, кој зависи од температурата на која настанала.

 

На пример, снегулките на температура од -2 степени, имаат необичен триаголен облик а најубави облици имаат кога кристалите мраз брзо растат, на пример при поминување на водени капки низ бурен облак.

26.02.2014 - 12:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега