Убиен поранешниот светски шампион во бокс Антонио Сермено
Антонио Сермено , некогашниот светски шампион во бокс е убиен откако бил киднапиран во Венецуела, соошти полицијата.
Сермено беше шампион во супербантам и перо категоријата во текот на деведесетите години. Тој е пронајден мртов на матот во државата Миранда, а на телото имал прострелни рани од огнено оружје.
Според полицијата Сермено и неговите роднини биле киднапирани во понеделникот вечерта во источниот дел на Каракас но неговите роднини успеале да избегаат кога киднаперите застанале да наточат гориво, а боксерот и натаму останал заробен.
Сермено имаше 44 години, а се пензионираше во 2006-та година со учинок 45 победи и седум порази.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа