Лавров до ОБСЕ: Да се осуди забраната на рускиот јазик во Украина

 

Сергеј Лавров , рускиот министер за надворешни работи  денеска апелираше до Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) да ги осуди иницијативите за забрана на рускиот јазик во Украина.

"ОБСЕ треба ги осуди подемот на националистичките и неофашистичките елементи во западна Украина, обидите за забрана на употребата на рускиот јазик и за претворање руското население во „не граѓани“ и ограничувањето на слободата на изразување", наведе Лавров, додавајќи дека во интерес на Москва е Украина да биде дел од европското семејство, но оти Русија е против обидот на „радикалите и националистите“ да го заземат центаралното место во земјата.

26.02.2014 - 11:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега