Пукна тиквата- дуото Тату се распадна
По само неколку дена од отворањето на Олимпијадата во Сочи каде што имаа чест да направат спектакл дуото Тату поради лични расправии се распадна.
Не се знае дали е само шоубиз или има вистина во статусот на Лена која објаснува дека била уценувана од Јулија и нејзиниот тим во однос на креативниот правец во музиката.
Исто така ѝ се заканувала дека ќе ја замаени, па таа одлучува сама да го напушти дуото и сигурна е дека нема да има повторно обединување.
Од друга страна, пак, Јулија лута за објавата на Лена потврдува дека нема да има ре-обединување на бендот, но ќе мора да ги довршат некои почнати работи за кои се врзани со договор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа