Претставничкиот дом и изгласа доверба на Владата на Ренци
Откако во понеделникот вечерта Владата на премиерот Матео Ренци доби доверба од Сенатот, синоќа таа доби поддршка и од Сенатот Долниот дом на италијанскиот Парламент или т.н. Претставнички дом.
„За“ доверба на новата италијанска Влада се изјаснија 378 пратеници, додека 200 гласаа „против“.
Ренци порача дека Италија има клучно значење за иднината на Европа.
- Европа не е наш непријател. Ние сакаме една Европа во која Италија нема само да ги следи другите, туки и самата ќе има фундаментален придонес, бидејќи без Италија нема Европа, порача Ренци.
Тој најави дека како италијански премиер прво, уште идната недела, ќе го посети Тунис, а не „Брисел или Берлин“, иразувајќи надеж дека Медитеранот ќе се врати на централното место на меѓународната сцена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа