Издаден налог за апсење на Јанукович
Издаден налог за апсење против поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович поради намерно масовно увиство.
Киевскиот Окружен суд нареди негово апсење, изјави Олег Махницки, вршител на должноста главен обвинител на Украина. - Против него е распишана потерница. Обвинението е масовно убиство под тешки околности, објасни Махницки.
Именувањето на Махницки за привремен главен обвинител беше потпишано денеска од привремениот претседател на Украина Олександар Турчинов, кој почна со потпишување на усвоените од Врховната рада документи.
25.02.2014 - 19:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа