Украина: Урнат споменикот на најголемиот генерал Кутузов
Во украинскиот град Броди, урнат е споменикот на еден од најголемите генерали во руската историја Михаил Кутузов, кој го порази Наполеон.
Споменикот од постаментот бил отстранет од општинските работници, а постаментот подоцна било уништен. Како што пишуваа тамошните медиуми, на местото каде бил споменикот на Кутузов ќе биде подигнат нов, посветен на загинатите луѓе за време на протестите против соборениот претседател Виктор Јанукович.
Украинската националистичка партија „Свобода“, која имаше клучна улога во протестите во Киев, се обидуваше да го отстрани споменикот на Кутузов од 2008 година, тврдејќи дека нема никаква врска со историјата на Украина.
Противниците на националистите тврдат дека одлуката на Кутузов довела до тоа Наполеон да се откаже од повлекувањето од Рузија преку Киев, со што е спречен евентуалниот грабеж на денешна Украина.
Украинските националисти вчера во градот Стриј, западна Украина, го уништија споменикот „Советски војник“ посветен на жртвите од советската војска во борбата против нацистите во Втората светска војна.
Низ цела Украина урнати се околу 25 споменици на Владимир Илич Ленин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа