Нови огради во седум училишта во Аеродром
Седум основни училиште во Општина Аеродром добија нови огради.
како што информираат од Општина Аеродром, нови и реконструирани огради добија училиштата „Блаже Конески“, „Браќа Миладиновци“, „Љубен Лапе“, „Ѓорѓија Пулевски“, „Лазо Ангеловски“, „Димитар Македонски“ и „Гоце Делчев“.
Реконструкцијата на оградите опфати замена на оштетените делови со нови, поправка на вратите, бојосување, како и изградба на комплетно нова ограда во училиштата каде што недостигаше.
За овој проект општина Аеродром издвои околу 6,5 милиони денари од Буџетот, од кои 2,4 милиони денари се на Швајцарската агенција за развој и соработка.
Како што е наведено во соопштението овој проект граѓаните на општината го прогласија за приоритетен на минатиот циклус „Форуми во заедницата“, одржан во општина Аеродром.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа