Илија Димовски и Спиро Ристовски меѓу видните членови на ВМРО-ДПМНЕ кои го поддржаа Иванов

 

Виоски функционери во ВМРО-ДПМНЕ се приклучија на иницијативата за кандидатура на актулениот претседател Ѓорѓе Иванов на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, дознава Press24 од високи партиски  извори. 
Меѓу потписниците на иницијативата од денеска се и имињата на директорот на центарот за комуникации и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, поранешниот геренален секретар на најголемата политчка партија, Борис Земјковски. Тука се и имињата на Владо и Дијана Трнталовски, кои се едни од основачите на партијата. На списокот поддржувачи на Иванов е и името на актулениот министер за образование Спиро Ристовски, пратеникот Трајче Димковски од Штип, потпретседателката на Собранието Светлана Јакимовска како и претседателот на општинскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Битола Зоран Илијоски.
Вчера Иванов ја доби поддршката и на вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ставрески како и на видни членови на Извршниот комитет на партијата. 
Иванов за половина час ќе треба да ја соопшти одлуката дали ќе ја прифати кандидатурата за учество на конвенцијата и речи си извесна шанса за нов мандат на изборите во април

25.02.2014 - 12:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега