Еклстон: Стравувам од лоши вести- сакам да се врати стариот Шумахер

 

Водечкиот човек на Формула 1, Берни Еклстон верува дека Михаел Шумахер ќе се разбуди од кома во која се наоѓа речиси два месеци по падот за време на рекреативно скијање.

 

Осумдесет и тригодишниот Еклстон и Шумахер никогаш не биле блиски пријатели, но се познаваат повеќе од две децении.

„Искрено, стравувам од лоши вести“ – призна Еклстон и дополни: „Поради тоа и избегнувам да ги прашувам пријателите на Михаел и неговите најблиски како е всушност тој“.

Еклстон нагласи дека од се срце сака да се врати стариот Шуми…

„Сакам да се врати оној нашиот Шуми, а не да ни се врати некоја друга личност. Според она што го слушнав мислам дека ќе се разбуди. Но, дали ќе биде оној Михаел кој го познававме?“ – додава Еклстон.

25.02.2014 - 11:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега