Гледач го тужи Величествениот зошто го убил принцот Мустафа

 

Веднаш по емитувањето на епизодата од серијата „Величенствениот“ во која по наредба на султанот Сулејман го убиваат неговиот син Мустафа гледачите биле видно вознемирени  а продуцентите затрупани со писма и пораки на вознемирените гледачи.

Само на Фејсбук биле испратени над 150.000 пораки додека пак еден гледачите  дури поднел тужба против султанот односно актерот Халит Ергенч.

Од продукцијата на оваа серија тврдат дека не станува збор за рекламен трик туку за вистинска тужба.

Извесен Хасан Кос (47) толку се вознемирил од смртта на принцот, па сега од Ергенч бара оштета за душевната болка што ја претрпел гледајќи ја сцената.

25.02.2014 - 10:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега