Македонија единствена држава што го поддржува тутунот со субвенции од едно евро

Македонија е единствената држава каде интензивно се поддржува тутунот со субвенции од едно евро за килограм тутун и еднинствено оваа култура се уредува со прецизен законот за тутун и тутунски производи, пишува Вечер.

Анализата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство покажала дека во Турција нема, додека во Грција и Бугарија субвенции за производство на ориентален тутун последен пат биле исплатени во 2009 година. Ниту едни конвенции или иницијативи на здравствените светски институции не се закана за намалување на површините со тутун. Според експертите, за разлика од порано кога државата го субвенционираше тутунот со само 15 денари за килограм предаден тутун, во последните неколку години власта стана свесна за важноста на оваа гранка и субвенциите ги зголеми на 60 денари за килограм.

Експертите со кои разговарал весникот велат дека голем дел од населението, освен со основната дејност, се занимаваат и со производство на тутун, за да го зголемат својот семеен буџет. И земјоделците кои се занимаваат со производство на други култури, се занимаваат и со одледување на тутун

Според податоците од Министерството за земјоделство, лани биле откупени 27 00 тони тутун, а оваа реколта се склучени 42 000 договори со домашните тутунари. СПоред Вечер, надлежните очекуваат годинава поголемо производство на тутун, со откуп до 30 000 тони тутун. Тие велат дека има стабилен откуп и редовна исплата на субвенции. Министерството за финансии минатата недела исплати 1, 2 милијарди денари субвенции за реколтата 2013 на над 27 илјади земјоделци.

-Со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство, велат од министеството за финании, пишува Вечер.

25.02.2014 - 09:37
Фото: 
www.makedonskibiser.com.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега