Турската полиција прислушувала 7.000 политичари и бизнисмени вклучувајќи го и Ердоган
Како што објавуваат турските медиуми, полицијата прислушувала најмалку 7.000 луѓе, вклучувајќи го и премиерот Реџеп Таип Ердоган, членови на неговиот Кабинет, шефот на разузнавачката служба на Турција и новинари.
Соработниците на Фетулах Гулен, турскиот имам кој живее во САД, ги прислушувале телефоните на турскиот премиер, како и на бројни политичари и бизнисмени цели три години, пишуваат весниците „Јенисафак“ и „Стар“.
Документите за шпионирање биле откриени од страна на новоименуваното Обвинителство што е воспоставено по масовните откази во полицијата и обвинителството поради корупциски истраги кон крајот на декември минатата година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа