ФОТО: Почина најстарата преживеана жртва на холокаустот
![](/sites/default/files/styles/large/public/dewqflrepolgrth.jpg?itok=yleMf-Ps)
Љубовта кон својот син и кон клавирот ја одржала цели 2 години во нацистичкиот концентрационен логор, изјавила на времето.
Пијанистката Херц-Зомер, заедно со нејзиниот сопруг и син била депортирана во 1943-та година од Прага во концентрационен логор во чешкиот град Терезин, каде на затворениците им било дозволено да имаат концерти, па таа редовно приредувала.
-Овие концерти, луѓето кои ги слушаа, стари луѓе, тажни и болни, доаѓаа на концертите бидејќи оваа музика за нив беше храна. Музиката ни беше храна. Создавањето музика не одржуваше во живот. Кога ни беше дозволено да свириме, не беше толку страшно, раскажувала Херц пред да почине.
Според проценките, околу 140.000 Евреи биле испратени и затворени во Терезин, а од нив биле убиени околу 33,430 илјади.
Околу 88.000 биле преместени во Аушвиц и други логори на смртта, кадешто повеќето ги убиле.
Херц-Зомер и нејзиниот син Стефан биле меѓу оние 20.000 кои ја дочекале слободата, кога Црвената Армија ги ослободила во мај 1945-та година, од ужасните логори.
Никогаш не дознала од што умрела мајка и', која заедно со неа првенствено била оставена во Терезин, а потоа ја преместиле во Треблинка. Сопругот починал од тифус во Дахау.
Животот на Херц-Зомер бил инспирација за двете книги - "Рајска градина во пеколот" (2006) и "Лекции од животот на Алис Херц Зомер, најстарата личност на планетата која го преживеа холокаустот" (2012).
Филмот за нејзиниот живот "The Lady in Number 6" номиниран е токму оваа година за Оскар, во категоријата за најдобар краток документарец, а церемонијата на доделување на Оскари ќе се одржи на 2-ри март во Лос Анџелес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа