Од полноќ нови цени на горивата во Македонија

Согласно правилникот, Регулаторната комисија за енергетика денска ќе ги соопшти новите малопродажни цени на нафтените деривати за македонскиот пазар. Дали од вторник на полноќ ќе возиме поскап или певтин бензин ќе знаеме за неколку часа кога регулаторите ќе ги завршат пресметките за движењето на цената на нафтата на светските берзи и односот на курсот на доларот во однос на денарот.

По состанокот на Г20, барел американса „лесна“ нафта на берзата во Њујорк се продаваше 102.47 долари што е пораст за 27 центи во однос на цените од минатата недела. Северноморскиот „Брент“ за испорака во април на берзата во Лондон поскапе за 19 центи и се продаваше за 110,04 долари по барел.

Со последната своја одлука, Регулаторната комисија немаше корекција на цените па така во моментов цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 денари за литар,  додека литар ЕУРОСУПЕР БС-98 се точи за 79,50 денари за литар. 

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  на бензинските пумпи низ Македонија се продава за 69,50  денари за литар.

24.02.2014 - 10:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега