ВИДЕО: Како Јанукович се обиде да побегне од Украина

 

Во јавноста се појави снимка која наводно го покажува обидот за бегство на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, пренесе „Moscow Times“.

Според медиумот, Јанукович се обидел во саботата да и даде мито на граничната служба во Доњецк за да му дозволат неговиот авион да полета, изјави портпаролот на граничната служба.

-Приватниот авион , кој требаше да полета од аеродромот во Доњецк не ги имаше потребните дозволи. Кога надлежните се обидоа да ги проверат документите, беа дочекани од вооружени лица кои им предложиле парична надокнада во замена за одобрение за лет без авторизација, изјавил портпаролот Сергеј Астахов, кој додава дека граничарите ја одбиле таквата понуда.

Според неговите зборови, малку подоцна два блиндирани автомобили застанале во близина на авионот, а претседателот излегол и го напуштил аеродромот. 

 

23.02.2014 - 23:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега