Ограбени две цркви во тетовско - еве што украле од нив

 

Се уште непознати лица викендов ја ограбиле црквата Свети Илија во тетовско Ротинце, информира полицијата. Според информациите, откако насилно ја отвориле влезната врата, крадци украле сребрен крст од 14 век и една украсна стаклена топка. Во истиот период ограбена е и црквата Света Петка во тетовското село Туденце. Крадците насилно влегле во црквата и од неа украле 10 литри масло за јадење и 500 денари кои биле оставени на иконите. 
Полицијата извршила увид и трага по сторителите.

23.02.2014 - 20:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега