Влатко Стефановски се возбудува на добри гитаристи

Maкедонскиот гитарист Влатко Стефановски за хрватските медиуми објаснил зошто е фасциниран од гитарата, истакнувајќи дека не е зачуден што девојките ги сакаат музичарите, бидејќи, како што рекол, маж кој свири на инструмент е многу секси. 

- За мажите кои свират гитара тој инструмент е замена за жена, но и за љубов. Гитарата има изглед на женско тело и е преубава, вели Стефановски.

Македонскиот гитарист истакнал дека за него, не е чудно што гитаристите се обожувани од девојките.

- Секси е да гледате некој како свири, па дури и јас се возбудувам кога ќе видам некој добар гитарист, се пошегувал Стефановски, пренесуваат хрватските медиуми.

Тој открил и дека носи качкет на сцена за да ги заштити очите од рефлекторите, бидејќи, како што објаснил, тие со текот на годините станале чувствителни на светло.

-Но, ме штити и од други работи. На пример, ако налетам на гранка, капата може да ме спаси да не ме прободи во око, додал Стефановски во шеха.

Стефановски во саботата, во малиот погон на Фабриката за култура во Загреб го промовираше својот нов албум „Сеир“, издаден од „Croatia Records“. „Сеир“ е прв кантавторски албум на македонскиот гитарист по 11 години. На албумот има 10 нови песни за чии текстови и аранжмани се погрижил самиот Стефановски.  

23.02.2014 - 15:50
Фото: 
Локално

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега