Пушеле, пиеле и спиеле каде што не треба - МВР казни 17 непослушни полицајци

 

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, МВР одлучило да казни 17 свои вработени поради сторени повреди во работењето.

На дванаесет вработени им е изречена мерка “парична казна“ на тројца вработени мерка  - “запирање на постапката“, на еден вработен му е изречена мерка - “писмено предупредување“, и на еден вработен мерка – “условно откажување на договорот за вработување“.

Еве кои полицајци си заработија казни:

Е.Ш. полицаец во ПС за ГП-Долно Блаце изречена му е мерка– “парична казна“  (спиел на работното место);

С.К. полицаец во ПС за ГП-Долно Блаце изречена му е мерка– “парична казна“  (спиел на работното место);

М.П. самостоен криминалистички техничарво ПСОН-Кочани изречена му е мерка – “парична казна“  (извршил КД- Загрозување на сигурноста);

Љ.Т. “водич на безбедносен реон” во ПС ОН Свети Николе изречена му е мерка– “парична казна“  (во билтенот не ги внел превземените мерки од областа на сообраќајот);

Ј.С. полицаец во ПС ОН Аеродром изречена и е мерка - “запирање на постапката“ (неутврдена одговорност)

Ј.А. полицаец за БПС во ПС за БПС Велес   изречена му е мерка – “парична казна“  (покажувал слаба заинтересираност за работата);

С.В. помошник командир во ПС ОН Крива Паланка изречена му е мерка – “писмено предупредување“  (не вршел конттола на примената на законите и законските акти во водењето на евиденцијата);

Н.Н. главен оперативен работник во Оддел за обезбедување изречена му е мерка – “запирање“ (нема повреда)

Д.В. полицаец во ЕБР изречена му е мерка – “запирање“ (нема повреда)

И.Б. полицаец во ПС НФОО изречена му е мерка - “парична казна“  (спиел на работното место);

С.Р. лидер на тим во ЕБР изречена му е мерка – “парична казна“ (учествувал во вербална расправија)

Б.Х. полицаец за патроли и интервенции во Одделение за општи патроли Исток ЕБР изречена му е мерка – “парична казна“ (не дошол на вонредно обезбедување иако бил навреме информиран)

В.Е. полицаец за патроли и интервенции во Одделение за општи патроли Исток изречена му е мерка – “условно откажување на договорот за вработување “ (не дошол на вонредно обезбедување иако бил навреме информиран)

З.Б.  помлад инспектор за општ криминал во СВР Битола изречена и е мерка - “парична казна“ (во канцеларијата пушела цигари спротивно на законот)

Б.П. помлад инспектор за општ криминал во СВР Битола изречена и е мерка - “парична казна“ (во канцеларијата пушела цигари спротивно на законот)

К.Г. полицаец за БПС во ПС ОН Крушево изречена му е мерка – “парична казна“ (бил под дејство на алкохол за време на работа)

И.И. полицаец за БПС во ПС ОН Крушево изречена му е мерка – “парична казна“ (бил под дејство на алкохол за време на работа)

23.02.2014 - 14:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега