Диктатурата падна- првите зборови на Тимошенко по нејзиното ослободување

 

“Сигурна сум дека Украина наскоро ќе биде членка на ЕУ и тоа ќе промени се”изјави вчера поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко веднаш откако беше пуштена од затвор.

Екс премиерката, која издржуваше седумгодишна казна затвор, поради злоупотреба на службената позиција, по излегувањето од затворот рече дека диктатурата падна и најави дека ќе се кандидира за претседател на вонредните избори, закажани за 25 мај.

Таа се изјасни дека ова што моментално се случува во Украина мора да престане и да се преземат казнени мерки за одговорните за убиствата.

"Нема да бидеме достојни за оние кои ги дадоа животите, што ни го отворија патот, доколку не ги казниме тие што им ги одзедоа животите и кои удрија на студентите", рече Тимошенко во Киев.

Тимошенко е еден од најголемите противници на Јанукович и нејзиното ослободување беше еден од условите кои ЕУ ги постави за продолжување на евроинтеграциите на Украина, пред декемврискиот самит.

23.02.2014 - 10:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега