Матео Ренци е новиот премиер на Италија
Матео Ренци, лидерот на италијанската Демократска партија откако успеа да формира широка коалиција која ќе ја сочинува новата италијанска Влада вчера формално прифати да биде нов премиер на Италија.
По речиси три часа разговори меѓу Ренци и италијанскиот претседател Џорџо Наполитано портпаролот на претседателот на државата потврди дека, Матео Ренци прифати да ја формира новата италијанска Влада.
“Намерата на новиот кабинет е да пружи „силна порака до меѓународната заедница а Влада брзо ќе ги донесе изборните и економски реформи”изјави Ренци.
Со изборот на Ренци е почнат „препородот“ на третата по големина економија во еврозоната, која западна во „длабока рецесија“, наведоа американските медиуми.
Поранешниот градоначалник на Фиренца, Ренци (39) ќе биде најмладиот премиер на Италија, кога денес неговиот кабинет и официјално ќе положи заклетва, пренесоа американските медиуми.
Ренци ужива голема популарност, главно затоа што никогаш претходно не бил член на владин кабинет, Парламентот, ниту на италијанскиот политички естаблишмент нарушен од корупциските скандали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа