МВР ќе одржува ред и мир со две специјални "цистерни"
Министерството за внатрешни работи ќе набави две специјални возила „цистерни“ кои ќе се користат во случаи на нарушување на јавниот ред и мир од поголем обем. Јавниот повик, како што денеска информира МВР, е објавен на 16 овој месец.
Специјалните возила ќе содржат резервоари за вода од некородирачки материјал со цел да се овозможи транспорт на вода за пиење, резервоари за течна ЦС материја (солзавец), боја и пена. Цистерните ќе имаат систем за самозаштита од долната страна на секое тркало, како и ситем за заштита на возилото од луѓе.
Возилата содржат еден или два топа чие управување е автоматско со покривање на целиот радиус околу возилото, со вградена заштитна камера во спрега со водениот топ и заштитна камера од задната страна на возилото.
Возилата ќе се плаќаат на 36 рати.