ВИДЕО: Пукање на Канскиот филмски фестивал - публиката и актерите во шок

 

Оскаровецот Кристоф Волц сеуште е во шок откако синоќа вооружен маж му впери пиштол додека тој даваше интервју за француска телевизија. Волц даваше интервју заедно со неговиот колега Даниел Отил, кога беа испукани два куршуми. Вооружениот напаѓач се заканил и дека со рачна граната ќе го разнесе студиото.

 

Публиката се разбега во паника, а обезбедувањето потрча кон Волц и Отил во обид да ги извлече од сцената. Напаѓачот, кој бил ментално растроено лице, веднаш бил уапсен. Кај него е пронајдена лажна граната, нож и пиштол.

Ова е втор инцидент врзан со безбедноста за три дена од почетокот на Канскиот филмски фестивал кој треба да трае 12 дена. Во четвртокот, од хотелска соба исчезна накит вреден 1,4 милиони долари кој бил наменет за ѕвездите на вечерта. 

најчитано сега