"Одам да ја видам ќерката за последен пат" - трогателна приказна на татко од Србија

Деветгодишната Анастасија од Врање која боледува од тежок вид на тумор, во моментов се наоѓа на лекување во Чешка, а тамошните лекари во вторникот увидоа дека туморот е метастазиран.

- Ја прашав што да и донесам од Србија. Тивко ми одговори: „брат ми и сестра ми“. Луѓе мои ова што се случува е страшно. Жена ми дома постојано плаче и жали. Многу пропусти се направени во нејзиното лечење, а сето тоа почна од лекарите во Ниш кои не можеа да воспостават дијагноза. Дадов се од себе и жал ми е што не можев да ја спасам. А се плашев од фактот дека се е доцна направено. Морам да одам кај неа и да ја видам за последен пат, плачејќи раскажува Драган.

Девојчето имало 11 зрачења и постојано се гуши и не може да дише.

- Лекарите ја реанимираа неколку пати. Рекоа дека со авион нема да може да се врати во Србија. Ја споменуваат можноста да ја вратиме со возило на Брза помош, но и тоа е под знак прашање, објаснува Драган.

Анастасија до сега претрпе четири операции.

21.02.2014 - 15:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега