Грипот уби уште двајца скопјани

Од Клиниката за инфективни болести во Скопје информираат дека денеска починале двајца пациенти кај кои е добиена лабораториска потврда за присуство на инфлуенца А.

Според информациите од Инфективната клиника, пациентите веќе 10 дена биле хоспитализирани на Инфективната клиника со тешка клиничка слика и повеќе хронични заболувања. Станува збор за маж на 65 години и жена на 74 годишна возраст, и двајцата од Скопје.

Починатата жената била со хронична срцева слабост, хипертензија, билатерална бронхопневмонија и подолго време имала отежнато дишење. Починатиот маж боледувал од карцином, астма, дијабет, акутна бубрежна слабост, прележан мозочен удар и тешка двострана бронкопнемовија.

Од Клиниката информираат дека и покрај спроведената антивирусна терапија и повеќедневните напори на лекарите, кај пациентите денеска била констатирана смрт.

На клиниката за инфективни болести во моментов се хоспитализирани 115 пациенти, од кои над 60 проценти се со клиничка слика на грип, а 10 се во потешка здравствена состојба и се третираат на одделението за интензивна нега.

21.02.2014 - 14:55
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега