Еден застрелан двајца претепани - крвава пресметка во Гостивар

 

Три лица се повредени во тепачка меѓу две групи што се случила синоќа во гостиварската населба „Седма зона“. Од полицијата информираат дека во тепачката било користено и огнено оружје.

Според првичните информации, 45-годишниот Ф.А. е задржан во полициска станица и е осомничен за нанесување тешки телесни повреди.

Тепачката, според кажувањата на осомничениот, настанала откако 18-годишниот А.Ш. и 21-годишниот И.Ш од гостиварското село Чегране околу 20 часот со комбе со поголема брзина поминале во близина на неговиот дом. Откако застанале меѓу нив настанала вербална расправија по што Ф.А. ги натепал момчињата кои потоа побарале медицинска помош. Половина час подоцна пред домот на Ф.А. пристигнала помала група на роднини и пријатели на момчињата, а меѓу нив бил и Е.И. (45) кој по тепачката се здобил со прострелна рана во десната потколеница.

По пријавувањето на случајот извршен е увид од јавен обвинител, истражен судија и крим техника. Деталите за инцидентот ќе бидат познати подоцна откако ќе заврши сослушувањето на учесниците и сведоците на настанот. 

најчитано сега