Димовски го пријави случајот со „Илија од Центарот за комуникации“ во полиција

 

Денес сме тука во врска со овој фрапантен и скандалозен настан на кој што сме сведоци. Денес дојдов пред Полициската станица во Центар да го пријавам случајот, изјави Илија Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Директор на Центарот за комуникации, по скандалозното однесување на советникот на СДСМ кој се јавувал на членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ и лажно се претставувал како „Илија од Центарот за комуникации“.

На денешната прес-конференција Димовски го повика советникот на СДСМ од Неготино самиот да го пријави случајот и да објасни зошто го направил тоа и дали овој настан е дело на поголемо сценарио на опозициската партија.

-Ова е очигледен обид на СДСМ да фингираат и да креираат афери и скандали со кои што ќе сакаат во иднина да си го покриваат поразот односно да си создадат алиби приказна како што и всушност правеле секогаш досега. Би сакал да потенцирам дека ние немаме никаков личен однос спрема човекот кој што ја направил оваа работа, станува збор како што видовме за млад господин, Диме Витанов од Неготино, рече Димовски.

Политичката одговорност за овој скандал, рече Димовски, ја носи највисокото раководство на СДСМ, Радмила Шекеринска и Зоран Заев, кои што дозволуваат, а најверојатно и ја насочуваат нивната партија наместо да се занимава со креирање на програма, со кадровско осевжување, со реална понуда со ефективан работа, да се занимава со вакви сплеткарања, со вакви детски игри и со вакви креирања на скандали. 

21.02.2014 - 11:38
Фото: 
Канал 5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа