Граничниот премин Блаце повторно отворен за сообраќај
Од 09:00 часот утрово, целосно е нормализиран сообраќајот на граничниот премин Блаце за сите видови возила, соопштија надлежните институции.
По привремениот прекин, сообраќајот сега се одвива непречено во двата правци, и патничкиот и товарниот транспорт може слободно да се движи преку преминот.
Од надлежните служби апелираат возачите да бидат внимателни и да ги следат најновите информации за евентуални измени во сообраќајниот режим.
08.07.2025 - 10:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа