Каде најдолго се задржува машкиот поглед за време на сексот?

Најновите истражувања покажуваат дека не е се онака како што мислиме. Иако се верува дека за време на сексот, погледот на мажите најмногу се задржува на задникот или градите на партнерката, истражувањата покажуваат дека тоа не е така.

Имено, за време на сексуалниот чин на мажите им е најважно да видат дали нивната партнерка ужива со нив, па затоа и најмногу гледаат во нејзините очи.

Ова се случува бидејќи најголемиот дел мажи сметаат дека токму изразот на лицето на нивната партнерка говори дали таа ужива и дали добар сексот. Исто така, мажите сметаат и дека изразот на лицето е најдобар показател за тоа дали жената глуми оргазам или не, па најмногу ја гледаат во очите.

Дејвид М. Снарс кој го водел истражувањето вели дека на паровите за домашна задача им давал наредба за време на сесксот да ги држат очите отворени. На почетокот велеле дека им е непријатно, но потоа според нив тоа бил еден од најеротичните моменти.

21.02.2014 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега