Конечно постигнат договор за решавање на кризата во Украина

 

На преговорите во Киев кои утрово беа прекинати е постигнат договор за решавање на кризата во Украина.

Се очекува тој да биде парафиран претпладнево, соопшти кабинетот на украинскиот претседател Виктор Јанукович.

На разговорите учествуваа украинскиот претседател Виктор Јанукович, опозициските лидери Арсениј Јацењук, Виталија Кличко и Олег Тјагнибок, министрите за надворешни работи на Германија, Полска и рускиот омбудсман Владимир Лукин. Разговорите траеја речиси осум часа. Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус кој пристигна вчера во Киев со германскиот и полски колега, отпатува од украинскиот главен град.

Министерството за здравство изутринава соопшти дека бројот на загинати во Киев од почетокот на немирите во украинскиот главен град во вторникот достигнал 77 лица. Повредени се 577 луѓе, од кои 369 побарале

На официјалната интернет страница не се дадени детали од договорот.

21.02.2014 - 09:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега