УЈП затвори шест обложувалници во Тетово
Поради нерегистрирање на прометот, Управата за јавни приходи вчера времено затвори пет обложувалници за игри на среќа во Тетово. Сопствениците на овие обложувалници ќе треба да платат и глоба до 6.000 евра.
УЈП затвори и една нелегална обложувалница во Тетово. Бидејќи обложувалницата работела "на диво", надлежните ја конфискувале и целата опрема на обложувалницата.
Контролите на Управата за јавни приходи се водат под асистенција на МВР. Нивните активности во Тетово продолжуваат.