Голема забава во Градскиот парк - „Меѓународен ден на семејството“
Денеска во Градскиот парк ќе биде одбележан „Меѓународниот ден на семејството“ - 18 Мај. Настанот е организиран од Министерството за труд и социјална политика.
Предвидена е програма со богати забавни активности, која ќе ги анимира најмалите и нивните семејства.
Програмата ја подготвија Сојузот за грижи и воспитување на децата на град Скопје и членовите на детскиот хор „Златно славејче“.
Овој ден пред 20 години е утврден од страна на генералното собрание на Обединетите Нации за Меѓународен ден на семејството.