Македонска делегација во Брисел на семинар за заштита на здравјето на потрошувачите

Собраниска делегација од областа на здравството, во чиј состав се Станка Анастасова, Миле Пачемски и Беким Ќоку, денеска во Брисел, учествуваа на парламентарен семинар, „Иницијативите и напорите на земјите од Западен Балкан и Турција за здравјето и заштитата на потрошувачите“,

Европратеничката и член на Комитетот за јавно здравје и безбедност на храната, Рената Сомер имаше излагање за улогата и позицијата на ЕП во законодавството за здравството и заштитата на потрошувачите. 

Како што соопшти собраниската прес-служба, во својата дискусија, пратеничката Станка Анастасова ја нагласи улогата на здравството во контекст на европската иднина на регионот, заштитата на квалитетот на храната, како и надзорот и превенцијата на епидемиите, со посебен осврт кон ГМ-храната.

Пратеникот Миле Пачемски ги истакна приоритетните цели во здравствената дејност на Република Македонија, како и регулацијата на заштитата на потрошувачите преку интегриран систем за безбедност на храна. 

20.02.2014 - 16:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа